За Нас

ДДКом е основана на 13-ти април 2006 од тим на ИТ професионалци со преку 10 години искуство во ИТ бизнисот. Нашата главна дејност е продажба на хардвер преку ефикасно организирана мрежа од дистрибутери, мали и големи компании и крајни потрошувачи. Во соработка  со речиси сите дистрибутери на ИТ опрема, на нашите потрошувачи секогаш им нудиме најголем избор на прозиводи по најдобри цени.

ДДКом е дистрибутер на користени компјутери од А класа од познати брендови како и refurbished компјутери.

Бренд конфигурациите за разлика од склопуваните се многу постабилни, потивки со помала потрошувачка на струја. Составени се со поквалитетни, 100% компатибилни компоненти.

Набргу после основањето ДДКом започна со нова дејност - хостинг услуги. ДДХост е меѓу првите хостинг компании во Македонија, која денес опслужува преку 500 задоволни корисници.

Како усовршување на секторот за продажба на хардвер креиравме и имплементиравме комплетен сервис за менаџирање на онлајн продажба. Со имплементацијата на ДДСтор.МК се доближуваме до нашата цел преку автоматизирано секојдневно ажурирање на цените, залихата и бројот на производите да бидеме отворени за Вас 24/7. Со презентирање на речиси сите моментално достапни производи на пазарот, Ви даваме комплетна слика на ИТ пазарот во Македонија и понуда на сите производи кои можете да ги набавите на едно место, по актуелни и редовно ажурирани цени. Нашиот тим може да Ви ги набави и најтешко достапните артикли на пазарот.

Визија

Нашата визија е да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии.

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи.