Вработување

Сервисер на компјутери и ИТ опрема

128.jpg

ДДКом е дистрибутер на користени и Refurbished компјутери и ИТ опрема. Наш продукт е DDStore.mk, најголемата интернет продавница за ИТ опрема во Македонија.
Поради зголемување на обемот на работа, имаме потреба од сервисер со скратено работно време, или хонорарна работа по потреба, со можност за редовно вработување.

Одговорности и обврски.
- Дијагностицирање и остранување на дефекти;
- Сервисирање електроника (матични плочи, напојувања, монитори...)
- Асемблирање и инсталација на компјутерски конфигурации;
- Следење работни налози и попис на сервисен магацин;

Потребни квалификации
- Предходно искуство во сервисирање компјутери и ИТ опрема, инсталација на оперативни системи.
- Завршено ССС образование;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија се смета за предност;
- Предходно искуство со сервисирање на бренд компјутери (HP, DELL, LENOVO...) се смета за предност

Нудиме
- Флексибилно, скратено работно време (минимум 20 часа неделно)
- Можност за редовно вработување
- Отворено и за практиканти со можност за редовно вработување

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, испратете го вашето CV на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Асистент за продажба

ДДКом е ИТ компанија со преку 10 години искуство во ИТ бизнисот. Нашата главна дејност е продажба на хардвер преку ефикасно организирана мрежа од дистрибутери, мали и големи компании и крајни потрошувачи. Во соработка со речиси сите увозници и дистрибутери на ИТ опрема, на нашите потрошувачи секогаш им нудиме најголем избор на прозиводи по најдобри цени.

Како усовршување на секторот за продажба на хардвер креиравме и имплементиравме комплетен сервис за менаџирање на онлајн продажба. Со имплементацијата на ДДСтор.МК се доближуваме до нашата цел преку автоматизирано секојдневно ажурирање на цените, залихата и бројот на производите да бидеме отворени за Вас 24/7. Со презентирање на речиси сите моментално достапни производи на пазарот, Ви даваме комплетна слика на ИТ пазарот во Македонија и понуда на сите производи кои можете да ги набавите на едно место, по актуелни и редовно ажурирани цени. Нашиот тим може да Ви ги набави и најтешко достапните артикли на пазарот.

ДДКом е официјален дистрибутер на користени компјутери од А класа од најпознатите светски брендови HP, Dell, Lenovo како и refurbished компјутери.

Kомпанијата има потреба од вработување за следната работна позиција:

Асистент за продажба

Работни обврски:

- Директна продажба и комуникација со клиенти;

- Елетронска комуникација со клиенти;

- Планирање и организирање на нарачки со дистрибутери;

- Подготовка на понуди;

- Изработка на неделни и месечни извештаи;

 

Потребни квалификации:

- Завршено високо образование;

- Познавање на хадвер опрема;

- Работно искуство на иста или слична позиција (ќе се смета за предност);

- Високи комуникациски вештини и тимска работа;

- Активно познавање на англиски јазик;

- Одлично познавање на Microsoft Office пакетот, користење на интернет пребарувачи и социјалните мрежи;

- Организираност и одговорност;


Доклку ги исполнувате бараните карактеристики и сте заинтересирани за работната позиција испратете го вашето CV на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Административен асистент

ДДКом е ИТ компанија со преку 10 години искуство во ИТ бизнисот. Нашата главна дејност е продажба на хардвер преку ефикасно организирана мрежа од дистрибутери, мали и големи компании и крајни потрошувачи. Во соработка со речиси сите увозници и дистрибутери на ИТ опрема, на нашите потрошувачи секогаш им нудиме најголем избор на прозиводи по најдобри цени.

Како усовршување на секторот за продажба на хардвер креиравме и имплементиравме комплетен сервис за менаџирање на онлајн продажба. Со имплементацијата на ДДСтор.МК се доближуваме до нашата цел преку автоматизирано секојдневно ажурирање на цените, залихата и бројот на производите да бидеме отворени за Вас 24/7. Со презентирање на речиси сите моментално достапни производи на пазарот, Ви даваме комплетна слика на ИТ пазарот во Македонија и понуда на сите производи кои можете да ги набавите на едно место, по актуелни и редовно ажурирани цени. Нашиот тим може да Ви ги набави и најтешко достапните артикли на пазарот.

ДДКом е официјален дистрибутер на користени компјутери од А класа од најпознатите светски брендови HP, Dell, Lenovo како и refurbished компјутери.

Kомпанијата има потреба од вработување за следната работна позиција:

Административен асистент

Работни обврски:

- Административна финансиска евиденција;

- Деловна коресподенција со клиенти;

- Прием на клиенти и проследување на телефонски повици;

- Прием и евиденција на документи;

- Водење архива;

- Набавка на ситен инвентар;

- Пошта;

- Останати административни работи;

 

Потребни квалификации:

- Завршено високо образование;

- Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;

- Комуникациски способности и снаоѓање во тимска работа;

- Активно познавање на англиски јазик;

- Одлично познавање на Microsoft Office пакетот, користење на интернет пребарувачи и социјалните мрежи;

- Организираност и одговорност;


Доклку ги исполнувате бараните карактеристики и сте заинтересирани за работната позиција испратете го вашето CV на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Визија

Да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии. Повеќе...

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи.

Повеќе...

Контакт

 ул. Фрањо Клуз бр.12/1-4

 02 3 100 700

 info (@) ddcom.mk

Работно време:

Понеделник - Петок

09:00-17:00