Клиент конфигурации

ДДКом Гејминг Акција - Составете компјутер по ваш избор и добијте:
- најголем избор на комопненти од сите достапни брендови достапни во МК на http://ddstore.mk
бесплатен совет при избор компоненти и оптимизација за конкретни потреби (биос апдејт, оверклок...)
- дополнителен попустподарок и бесплатно професинално склопување со cable management
- учество во месечна гејминг наградна игра

На што да обрнемe внимание при изборот на матична плоча за процесорите Intel (III дел)

 

Не ги гледате сликите?
Види во пребарувач!
 
Изборот на матична плоча не е помалку битен од изборот на процесор или графичка картичка, бидејќи матичната одговара за работата на сите останати компоненти во компјутерскиот систем и какви компоненти можете да користите во својот персонален компјутер. На кратко ќе ги разгледаме матичните плочи за процесорите Intel (новите генерации Coffee Lake и Skylake)
 
Високопроизведувачкиот сегмент -
Intel Z370 и Z390

Овде се е многу позабавно - во пракса разликата меѓу овие чипсети е само во тоа што вториот се произведува преку 14 nm технолошки процес, а не преку 22nm. Исто така има и интегрирани Wi-Fi и Bluetooth модули за безжична врска, а во другите CPU е потребен дополнителен адаптер. Тоа е, други разлики нема : и двата чипсети поддржуваат оверклок на процесорот и оперативната меморија, како и на SLI/Crossfire конфигурациите. Еве зошто при изборот на таква матична и двата чипсети покажуваат исти можности.

Очигледно е дека има смисла да се земаат матични плочи со чипсетите Intel Z370 и Z390 само во случај кога имате намера да оверклокувате и процесорот и рам меморијата (да напомениме дека оверклок поддржуваат само процесорите со K-ознака) - во спротивно е подобро да се земе матична со чипсетот Q370, каде единствена разлика ќе биде можноста за оверклок. Се останато е поддржано – SLI/CrossFire, како и создавањето на RAID низи.

Но ако сакате да го клокнете процесорот, нештата се поразлични. Оверклокот поставува цврсти ограничувања на VRM: прво апсолутно задолжително е вградување на ладилник, а не на алуминска пластинка со тежина околу 10 грама. Второ - ако ќе го оверклокувате 4 јадрениот процесор - Core i3-8350K, за него се доволни 4 фази на напојување. За 6 јадрените чипови (Core i5, Core i7-8700K) има смисол да се земе матична со 6 фазно напојување, бидејќи оптоварувањето при оверклок многу пати надминува 150W. А кај 8 јадрените Core i7-9700K и Core i9-9900K треба многу да се внимава - дури и сосема мал оверклок до 4,8 Hz за сите јадра има реален ризик кај алгоритмите со AVX инструкции потрошената енергија да надмине 200-250 W.

Со 5 GHz оптоварувањето веќе надминува 300W и за оверклокувањето на овие чипови се неопходни матични со 8-10 и повеќе фазни напојувања. Од друга страна ако не го користиме за ништо потешко од игри и пообичните матични со 4-5 фази ќе се доволни, зашто игрите многу послабо го оптоваруваат процесорот. 

Kај матичните од средна класа е подобро да се одбере матична плоча со 4 RAM слота и метализиран PCIe слот. Со аудиото ситуацијата повторно е иста, но има разлики во мрежните можности - кај скапите има 10GB решенија на Aquantia, кое е полезно за брза размена на информации во локалната мрежа.

Клучниот момент кај овие матични е VRM зоната, а останатото е на втор план.
HEDT сегментот: Intel X299
 
За десктоп компјутери ова е најдобриот чипсет во моментов. Тука процесорите се со до 18 јадра, а матичната поддржува до 44 PCIe линии. Кај процесорите од оваа класа чипсетот е само еден - Intel X299

Intel заедно со процесорите со од 8 и 16 јадра, кој знае зошто, пуштија и решенија со 4 јадрa - Core i5-7640X и Core i7-7740X. Тие во пракса со ништо не се разликуваaт од десктоп процесорите Core i5-7600K и Core i7-7700K, но се многу поразлични од претставниците на SkyLake-X. Еве зошто некои компании на пазарот објавија посебни матични со X299 само за овие процесори. Тие се поевтини во споредба со останатите HED серии, но при купувањето на подобра матична плоча треба да се внимава, дали таа го поддржува точно вашиот 18 јадрен Core i9 или не.
Во овој сегмент не се оди кон кратење на можностите. Овие процесори не се земаат за игри и можат да се оптоваруваат многу повеќе. Затоа се' зависи од нивното напојување. Крајна желба е VRM да има минимум 8 фази. Овој сегмент подразбира добри кулери на компонентите за напојување.
 
Преземено од kaldata.com

Ако не сте сосема сигурни кој е вистинскиот избор за вас, обратете се кон нашиот стручен тим за да ви помогнат во изборот на најдобрата матична плоча за вашите потреби.
Наша цел е да ги набавиме за Вас и
најтешко достапните продукти на пазарот.
Пазарувајте онлајн со бесплатна достава низ цела Македонија!

 
Информации за Custom Build
 
 
 

На што да обрнемe внимание при изборот на матична плоча за процесорите Intel (II дел)

 

Не ги гледате сликите?
Види во пребарувач!
 
Изборот на матична плоча не е помалку битен од изборот на процесор или графичка картичка, бидејќи матичната одговара за работата на сите останати компоненти во компјутерскиот систем и какви компоненти можете да користите во својот персонален компјутер. На кратко ќе ги разгледаме матичните плочи за процесорите Intel (новите генерации Coffee Lake и Skylake)
 
Средно ниво - Intel B360, Q370 и H370
 
Како и обично со буџетскиот и топ сегментот проблемите се малку, бидејќи изборот не е голем. Но во оваа средна класа чипсетите на Intel се три и комбинациите се многу.

И овие три чипсети поддржуваат цела фамилија на процесори Coffee Lake, но оверклок и тука нема. При напојувањето на CPU нештата се многу покомплицирани. 
Прво, задолжително треба да е поставен ладилник, бидејќи 6 јадрениот и 8 јадрениот процесор конзумираат немалку енергија дури и без оверклок. 
Второ - фазите на напојување. Ако немате намера да ставите на овие матични 8 јадрен Core i7 или Core i9, апсолутно доволно е со 4 или 6 фази, кое ќе се справат со оптоварување од 100 до 120W за истиот Core i7-8700K. Но ако сакате да користите 8 јадрен CPU овде веќе 6 фази се минимумот, зашто овие процесори конзумираат над 15W без оверклок.

Добро е да се знае дека ако користите Celeron, Pentium или дури Core i3 и не планирате апгрејд, тогаш нема смисла да се земаат матични со тие чипсети. Во повеќето случаи е доволна една евтина матична со обичен H310 чипсет.

Во оваа матична RAM слотовите можат да се 2 или 4 - тоест максимумот оперативна рам меморија е 64GB (некои произведувачи веќе додадоа во BIOS-от поддршка на поновите 32GB RAM плочки, со кое максималната оперативна меморија расте до 128GB). Тука нема особена смисла да се зема матична со 2 RAM слота - заштедата е мала, но сериозно ограничува апгрејд. Ако RAM слотовите се 4, на почетокот можат да бидат поставени 2 по 8GB плочки и по некое време да бидат додадени уште 2 и да се добијат 32GB со сосема примамлива цена. За жал и тука оперативната меморија не може да се оверклокува, кое може да е критично при заедничката работа на меморијата и помошните процесори. Така на пример при повеќето игри користењето на DDR4-2666 наместо DDR4-3200 намалува fps со од 7 до 10%, кое е битно и се забележува.
Меѓу чипсетите во оваа класа има значајна разлика. На пример Q370 може да подели 16-те PCIе линии на два дела по 8 линии или на 3 дела - 8+4. овој чипсет е најевтината можност за создавање на компјутерски систем со две или три графички картички, кои работат со SLI или CrossFire режим.

Помладиот чипсет од серијата B360 нема RAID поддршка. Ако тоа е битно за вас, треба да се насочите кон H370 или Q370. Освен тоа се разликуваат и по бројот на USB 3.0 портови - од 10 во B360 до 16 во Q370.
И уште...
Различни се и аудио кодеците и мрежните адаптери. Поевтиниот чипсет ги користи обичните Realtek ALC887 или ALC892, а поскапите се со подобриот ALC1220 - ако имате убави слушалки, ќе ја почувствувате разликата. Мрежните адаптери се со скоро исти можности, работат добро.

Кога се има предвид дека за овие матични може да биде земен за пример процесорот Core i7-8700, кој без проблеми работи дури и со графичката Nvidia RTX 2080 Ti, има смисла да се побара решение со метализиран слот. Некои топ графички тежат по околу килограм и половина и оваа тежина со времето може да го свитка и оштети пластичниот слот. Од друга страна метализираните слотови за оперативна меморија се нешто сосема излишно, бидејќи RAM плочките дури и со ладилници не тежат многу. Но ако сакате поубав дизајн, метализираните RAM слотови изгледаат многу добро.

На крај ако склопувате стандарден компјутерски систем со една графичка картичка и без RAID и немате намера да користите по 10 USB уреди, нема смисла да гледате на таков чипсет. Најважното во овој случај е да има четири RAM слота и задолжително ладилници на веригите на напојување на централниот процесор. А ако имате намера силно да го оптоварувате процесорот - има смисла да се земе матична со најмалку 6 VRM фази.

Ако не сте сосема сигурни кој е вистинскиот избор за вас, обратете се кон нашиот стручен тим за да ви помогнат во изборот на најдобрата матична плоча за вашите потреби.
Наша цел е да ги набавиме за Вас и
најтешко достапните продукти на пазарот.
Пазарувајте онлајн со бесплатна достава низ цела Македонија!

TO BE CONTINUED...
Преведено од kaldata.com
Информации за Custom Build
 
 
 

На што да обрнемe внимание при изборот на матична плоча за процесорите Intel (I дел)

Не ги гледате сликите?
Види во пребарувач!
 
Изборот на матична плоча не е помалку битен од изборот на процесор или графичка картичка, бидејќи матичната одговара за работата на сите останати компоненти во компјутерскиот систем и какви компоненти можете да користите во својот персонален компјутер. На кратко ќе ги разгледаме матичните плочи за процесорите Intel (новите генерации Coffee Lake и Skylake)
 
Основно ниво - Intel H310
Овој е наједноставниот современ чипсет на Intel и со негова помош се прават најевтини матични за LGA1151v2 сокет. 
Прво, поддршката на сите процесори со овој сокет - од Celeron до Core i9. Оверклок очигледно нема - чипсетот е буџетски и оверклокување не е предвидено. Повеќето од овие матични имаат само 3-4 фази на напојување на процесорот (VMR), немаат ладилници и не можат да ги овозможат неопходните 150-200W на Core i9. Тие не можат да обезбедат толкава моќност при големо оптоварување, се загреваат и го принудуваат процесорот да ја намали својата тековна брзина. Затоа овие матични плочи можат да користат 2 Core или 4 Core процесор - Celeron, Pentium, Core i3. Во принцип може да се обидете и со 6 Core процесор со температурен коефицент 65W, но тоа до некаде е бесмислено. Дури и најобичниот Core i5-8400 кога е оптоварен има потреба од 80-90W. Ако ограничувањето од 65W се надмине, ќе се загреат елементите на VRM. А и цените на овие процесори се такви, што е подобро да се доплати за поубава матична плоча со подобар чипсет.

Што се однесува до оперативната меморија RAM слотовите се само 2. Се разбира, од една страна тоа дава општ RAM капацитет до 32GB, кое за Core i3 е повеќе од доволно. Од друга страна ако се водиме според најпродаваните 4GB RAM плочки, при еден можен апдејт ќе треба некако да ја продадете едната или двете плочки. Поради високата производителност на процесорите ставени на матичната плоча има повеќе смисла да земете една 8GB RAM плочка, а подоцна и уште една. Само што матичната плоча со Intel H310 нема оверклок на меморијата и растот на производство нема да е толку голем за потрошените пари за 8GB RAM плочка.
Се' останато во овие матични плочи е на разумниот минимум.
Прво, има еден PCIе х16 слот. Има посебни модели со 2 PCIе x16 слота, но SLI или Crossfire не се поддржани. Бројот на USB портовите варира од 4 до 6 и тоа сосема е доволно за ова основно ниво. Звукот во повеќето случаи се осигурува од хардверскиот аудио кодек Realtek ALC887 (или ALC892), кој дава подобар звук од повеќето смартфони, но еден ALC1220 е многу подобар. Мрежниот адаптер е на Realtek и е сосема доволен за секојдневни потреби. SATA портовите кај овие матични плочи се околу 4 и се доволни на пример за еден SSD и за оперативен систем и два диска за чување податоци.

Во однос на што да обрнеме внимание, одговорот не е тежок - добро е да се обрне внимание на бројот на портови и конектори. Останатото не е битно. Зошто? Кај овие буџетски матични плочи начинот на работа не се разликува многу и во додатната фаза на напојување или уште еден PCIe x1 слот скоро и ништо нема да измени.
Еве зошто има смисла да се одбере подобра матична плоча со повеќе конектори и портови. Така на пример ако имате два SSD тип М.2 има смисол да се додадат малку повеќе пари за матична плоча кое ќе ги поддржува. Или на пример, телевизорот или стариот монитор имат VGA интерфејс - добро е да се побара матична со истиот интерфејс.
 
Ако не сте сосема сигурни кој е вистинскиот избор за вас, обратете се кон нашиот стручен тим за да ви помогнат во изборот на најдобрата матична плоча за вашите потреби.
Наша цел е да ги набавиме за Вас и
најтешко достапните продукти на пазарот.
Пазарувајте онлајн со бесплатна достава низ цела Македонија!

TO BE CONTINUED...
Преземено од kaldata.com
Информации за Custom Build
 
 
 

INTEL vs AMD - БОРБА МЕЃУ ГИГАНТИ

 

Не ги гледате сликите?
Види во пребарувач!
Intel или AMD 
КОЈ Е ВАШИОТ ИЗБОР?

Иако битката помеѓу Intel Coffee Lake Refresh и AMD Ryzen 2nd Generation сè уште беснее, војната меѓу Ryzen 3rd Generation, Ice Lake и Sunny Cove почнува сега.

За кратко ќе се нурнеме во повеќегодишната битка: AMD vs Intel.

Во суштина делува како мозокот во вашиот компјутер, најдобрите процесори се позади сè што прави компјутерот. 
Ова е причината поради која е толку важно да се најде точниот процесор за вашите специфични потреби - не сакате да плаќате за функции кои не ви се потребни.
Ако сте ја следеле жестоката војна на Intel против AMD, веројатно веќе знаете дека тие традиционално се фокусирани на различни сегменти на пазарот на процесорот.

Онаму каде што Intel се фокусираше на повисоки брзини и ефикасност со ниски вредности на јадрото, AMD се фокусира на зголемување на бројот на главни точки и зголемување на перформансите со повеќе нишки.
Сепак, AMD и Intel сè уште можат да коегзистираат - тие се грижат за различни публики, со одредена директна конкуренција меѓу нив.
 
Ако не сте сосема сигурни кој е вистинскиот избор за вас, обратете се кон нашиот стручен тим за да ви помогнат во изборот на најдобриот процесор за вашите потреби.
 
Наша цел е да ги набавиме за Вас
и најтешко достапните продукти на пазарот.
Пазарувајте онлајн со бесплатна достава низ цела Македонија!
Информации за Custom Build 
 
 
 

Клиентска Конфигурација №68 AMD R7 2700X with X370

ДДКом Гејминг Акција - Составете компјутер по ваш избор

• Кукиште - NZXT S340
• Процесор - 2nd Gen Ryzen™ 7 2700X Desktop Processor
• Напојување - Cooler Master Master Watt 750W
• Матична Плоча - Gigabyte X370 Gaming K5
• Mеморија - 32GB Ripjaws V
• SSD - Samsung 580Evo 500GB
• CPU Cooler - AMD Stock
• Графичка картица - Gigabyte GTX 1060 6GB Gaming

68.png

Визија

Да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии. Повеќе...

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи.

Повеќе...

Контакт

 ул. Фрањо Клуз бр.2/1-4

 02 3 100 700

 info (@) ddcom.mk

Работно време:

Понеделник - Петок

09:00-17:00