ИТ Новости - Хардвер

Таблет компјутер на Google и Asus – Nexus 7

Со развојот на технологијата и развојот на уредите со екрани на допир, се зголеми и побарувачката на уреди кои нема да користат стандардни тастатури туку сето тоа ќе биде спакувано во еден дисплеј на допир. Двата гиганти Google и Asus направија производ кој има достапна цена и врвни перформанси.

Се работи за таблетот Asus Nexus 7 кој има високо квалитетен 7-инчен IPS екран и моќни хардверски компоненти. Моделот е толку добро направен што во еден момент помисливме дека држиме Apple IPad во рака. Рецептот за успех кој го направи овој производ еден од најбараните на пазарот е што Google стои зад промоцијата и софтверот за истиот. Таблетот работи на Android 4.1 Jelly Bean и поседува микрофон, камера, GPS, Bluetooth и NFC. За жал нема слот за мемориска картичка, но има доволно интерна меморија за да ги задоволи потребите на корисниците.

Спецификации

  • Оперативен систем: Android 4.1 Jelly Bean
  • Процесор: NVIDIA Tegra 3, 4 јадра, 1,2 GHz
  • Меморија: 1 GB
  • Внатрешна меморија: 8/16 GB, нема слот за мемориска картичка
  • Екран: капацитивни 10-точка мулти-допир 7-инчен, Corning Gorilla Glass, IPS, 1280×800
  • Комуникации: Wi-Fi IEEE 802.11 b / g / n, Bluetooth 3.0, microUSB (MTP), 3,5 мм аудио приклучок, 1,2 мегапикселна камера за видео повици, конектор за Docking станица
  • Батерија: 4250 mAh
  • Димензии: 198,5 x 120 x 10,5 милиметри, тежина 340 g
  • Опрема: кабел, адаптер и упатство за употреба

 

Прва реклама за Samsung Galaxy Round (видео)

Случајно, или не во ист ден кога LG го објави заоблениот LG Flex, излезе првата реклама за Samsung Galaxy Round со заоблен екран. И двете компании промовираат природно чувство при корисње на уредите, а самсунг тоа го претставува со интересно видео.

Видеото и повеќе информации на следниот линк...

 

 

5 лекции за перфектна лендинг страница

При креирање на Вашите интернет маркетинг кампањи, еден од најважните елементи е лендинг страната (страната која прва се отвора при кликнување на линкот од рекламата)

Подолу се 5 совети од hostgator за тоа на што треба да обрнете внимание при креирање на лендинг страниците.

Прочитајте повеќе...

Најголемите грешки при рекламирање на социјалните мрежи

Rowan Casey директорот на Professional Social Promotion објави Топ 10 листа на грешки што ги прават повеќето фирми во нивните кампањи и реклами по социјалните мрежи

Прочитајте повеќе, и имплементирајте ги промените на вашите страници...

Cloud технологијата ви овозможува брзо тестирање на вашите бизнис идеи

Дали Cloud технологијата може да ви помогне во тестирање на бизнис идеите?

Првиот одговор што ќе го помислите е „не многу“, бидејќи се работи за статичен сервис. 

Дејвид Робертс, сениор директорот на BMC и основачот на познатиот liverhawk блог за Cloud решенија, напиша статија на тема „Understanding Private and Hybrid Clouds“ со што детално ја обработува оваа тема.

Прочитајте повеќе...

Визија

Да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии. Повеќе...

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи.

Повеќе...

Контакт

 ул. Фрањо Клуз бр.2/1-4

 02 3 100 700

 info (@) ddcom.mk

Работно време:

Понеделник - Петок

09:00-17:00