ИТ Новости - Хардвер

Прво видео кое ја открива работата на LG G Flex

Прво видео кое ја открива работата на LG G Flex

 

LG G Flex освои голем број на симпатии уште пред еден месец кога беше само прикажан од страна на LG Electronics како одличен смартфон со заоблен и флексибилен екран(до одредена мера). Смартфонот најпрво ќе биде лансиран во домашната Јужна Кореја и поширокиот азиски регион, додека пак наскоро се очекува и неговата глобална промоција.
 
 
Сепак најпрво да видиме што нуди овој интересен и необичен смартфон. Според видеото LG Electronics има применето сосема нов кориснички интерфејс и софтвер кој е подреден да работи во склад со флексибилниот екран. 
 
 

Спремни за DDR4?

DDR4 мемориите ќе излезат на пазарот многу побрзо од очеувањето. Меморијата е двојно побрза, 20% помала потрошувачка, двојно помали чипови. Се очекува на пазарот на почеток на 2014.

Прочитајте повеќе...

Asrock лансираше матична плоча со 6 графички картички

Повеќето од Вас ќе се запрашаат зошто 6 графички картички? Дали може да се користи за игри? Одговорот е не! Матичната плоча е направена специјално за генерирање БитКоин. Тоа е P2P онлајн валута којашто станува се повеќе популарна. Со други зборови матичната плоча е направена за „копање“ биткоини. Уште подобра вест е што вреднста на валутата секојдневно расте. Моментално е 645$...

Во продолжение следи видео за BitCoin и детали за матичната плоча.

Прочитајте повеќе...

Asrock најнов high-end модел на матична плоча

Најавен одличен high-end модел на матична плоча од Asrock Z87 Extreme11/ac. Z87 чипсет и неверојатни карактеристики како 22 SATA3 приклучоци (16 SAS-3), dual-channel Thunderbolt™ 2 и 4-way multi-GPU, што им дозволува на корисниците да го искористат максимумот од останатата опрема

Прочитајте повеќе...

Cooler Master најавија Nepton серија all-in-one CPU kuler

Одлична новост од CoolerMaster за гејмерите и оверклокерите. Лансирани два модели на кулери за процесор со водено ладење. Nepton 140XL i 280L имаат единствен CoolerMaster дизајн. Фабрички се наполнети и затворени за автоматско вградување што овозможува долгогодишна работа без одржување.
Се очекува да бидат во продажба пред крајот на годинава. За цените сеуште нема информации.

Прочитајте повеќе...

Cooler Master nepton

Извор: Techpowerup

Визија

Да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии. Повеќе...

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи.

Повеќе...

Контакт

 ул. Фрањо Клуз бр.2/1-4

 02 3 100 700

 info (@) ddcom.mk

Работно време:

Понеделник - Петок

09:00-17:00