Услови

Со самото користење на хостинг услугите на ДД-Ком се согласувате да се придржувате кон долунаведените услови за користење. Во спротивно ДД-Ком има право да ве исклучи без претходно известување и повеќе да не ви ги доставува своите услуги. Вие се согласувате дека во било кој случај нема да преземете никакви мерки према ДД-Ком.

Услови за користење на ДД-Ком хостинг услугите
 
Ресурси на серверот

Ресурсите на Shared и Reseller пакетите се подеднакво поделени на сите корисници на серверот, па прекумерното искористување на ресурсите од страна на еден корисник доведува до забавување и нестабилна работа на сите останати корисници. Поради ова за сите Shared и Reseller корисници важи фер политиката за користење:

Еден корисник не смее да надминува искористување повеќе од 7% од вкупната РАМ меморија на серверот.

•Еден корисник не смее да надминува искористување на процесорот повеќе од 10% од вкупната процесорска моќ.

•Ограничувањето на Apache конекциите изнесува максимални 30 конекции во секунда

•MySQL конекции се органичени на 15

•Поради заштита од спамирање ограничувањето на максимален број на испратени е-маил пораки во рок од еден час изнесува 250 пораки. Ова искористување вообичаено се случува од скрипти кои имаат намерни или ненамерни грешки во програмирањето. Доколку го приметиме ова на вашата страница ќе Ве известуваме за проблемот и доколку проблемот не е отстранет во рок од 12 часа ДД-Ком го задржува правото да ве исклучи.

Овие ограничувања на ресурсите не важат за VPS и Dedicated серверите. На овие сервери секој корисник има загарантирани ресурси и сам располага со нивно искористување.

Спам

Забранет е било каков начин на СПАМ-ирање. Доколку се забележи таква активност корисникот веднаш ќе биде деактивиран без претходно известување и без рефундирање на уплатените средства. 

Shared и Reseller корисниците користат споделена IP адреса и при злоупотреба од страна на еден корисник, сите корисници со истата IP адреса влегуваат во глобалните Black листи на провајдерите за заштита од спам, па испратените пораки стигнуваат во спам сандачињата или се комплетно одбиени од страна на примателот.

Доколу корисникот е суспендиран поради спамирање и притоа има направено штета на сите корисници на серверот, за повторно активирање корисникот е должен да плати 1000 денари + ДДВ.

Поради заштита од спам, Shared и Reseller корисниците се ограничени на испраќање на 250 пораки во еден час. 

Доколку користите Shared или Reseller хостинг, ДДКом не се смета за одговорен доколку вашите испратени пораки пристигнуваат во SPAM сандачето, или пак се одбиени од корисникот. Секој корисник може дополнително да закупи дедицирана IP адреса (200 денари + ДДВ месечно), која се доделува само за него и со тоа се избегнуваат проблемите од ваков тип.

Овие ограничувања не важат за VPS и Dedicated хостинг услугите.

CGI Скрипти

Сите скрипти со кои доведуваат до потенцијален сигурносен ризик на серверот, ги злоупотребуваат ресурсите на серверот, автоматски ќе бидат исклучуени без претходна најава. ДД-Ком не дозволува делење на скрипти со домени што не се хостирани од ДД-Ком.

Chat

ДД-Ком не дозволува корисниците да инсталираат нивни chat скрипти кои искористуваат многу од серверските ресурси.

IRC
Користење на ДД-Ком хостинг услугите за IRC е забрането.

  

Порнографија

Порнографски содржини се дозволени доколку ги задоволуваат условите за порнографија и не ги нарушуваат постоечките закони. Забранети се и линкови до страници кои не ги задоволуваат пропишаните услови кои се однесуваат на порнографија. Доколку хостирате ваков матријал, вие автоматски станувате одговорни доколку биде покренета легална постапка од извесна личност.

Страници за преземање (download)

Дозволено е да се истакнуваат програми, музика, филм за симнување само доколку вие сте автор и и сопственик на авторски права на истото.

Материјал со авторски права

Корисникот се согласува дека нема да доставува или работи со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, вклучувајќи, но не ограничено на дигитализирани аудио/визуелни фајлови, извршувачки фајлови, архивски фајлови и сите останати видови на фајлови. Ваквите страници ќе бидат исклучени и суспендирани.

Корисникот е обврзан при поставување на било какви податоци преку услугите на ДДКом, во обзир да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитува.

Општа злоупотреба

1.  Било каков обид за нарушување на функционалноста на серверите

2.    Веб страниците на корисниците кои дирекно навредуваат или објавуваат навредлива содржина е строго забрането. Ваквите корисници веднаш се исклучуваат и суспендираат доколку се забележани и/или пријавени.

3. Доколку услугите на  ДДКом се користат за собирање на доверливи информации преку веб страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за постапката.

Backup на податоци

Корисниците на услугите се задолжени самостојно да прават резевна копија (backup) и заштита на нивните податоци, датабази, е-маил пораки. ДД-Ком не презема одговорност за губење на вашите податоци. Постои можност изгубени податоци да се вратат, но тоа дополнително се наплаќа.

ДДКом врши backup на сајтовите кои ги хостира на надворешни сервери. На барање на клиентот може да врати бекап од одреден период и оваа услуга дополнително се наплатува 1000 денари + 18% ДДВ.  Доколку и по враќањето на backup податоците клиентот не е задоволен од состојбата, ДДКом не презема никаква одговорност и претходно уплатените средства не се рефундираат. 

За хостинг пакети исклучени поради неплатени сметки ДДКом не презема одговорност за чување на податоците на клиентот. Доколку постои бекап за одреден период по исклучувањето и доколку клиентот достави барање за преземање на датотеките и податоците од исклучениот сајт, должен е да плати 2000 денари +18% ДДВ за услугата. ДДКом не гарантира за интегритетот на податоците кои ќе бидат вратени по уплатата на услугата и уплатените средства не се рефундираат.

Во случај на хардверски дефект/проблем  (RAM, CPU, HDD) на серверите каде се хостирани податоците, ДДКом се обврзува во периодот од 1 до 7 работни денови да го отстрани дефектот. Доколку има проблем со хард-дискот, истиот се заменува и се враќаат податоците за кои постои резервна копија (back up) која е генерирана по автоматизиран пат. ДДКом не гарантира за податоците и нивната исправност кои се вратени од back up серверот.

Согласно конфигурацијата на Shared и Reseller серверите, еднаш во годината се извршува автоматско чистење (Auto-Cleanup) на застарени е-мејл пораки поради заштита од вируси испратени преку електронска пошта. ДДКом не одговара за избришани застарени е-мејл пораки. Секој корисник е должен за е-мејл пораките да прави бекап на дополнителен медиум (хард диск или онлјан сервис). Подготвените бесплатни упатства за локално и далечинско зачувување на е-маил пораките се достапни за сите корисници на хостинг услугите.

Големината на backup датотеката на shared и reseller корисниците не смее да биде поголема од 2GB. Доколку имате поголема датотека за бекап, контактирате не за ние да го направиме бекапот за Вас.

Shared и Reseller корисниците се ограничени на една бекап датотека. Доколку има повеќе бекап датотеки, постарите датотеки автоматски се бришат на одреден период. ДДКом не презема одговорност доколку се избришани потребни содржини од постара бекап датотека.

Информации за пристап

Корисникот има одговорност доставените информации за пристап до веб просторот да ги чува како доверливи и да не ги споделува со никого. Корисникот е исто така одговорен за сите активности произлезени од употребата тоа корисничко име, доколку не се воспостави поинаку. Корисникот исто така се согласува да ги извести администраторите на ДДКом доколку забележи било какви сомнителни активности, oсобено за оние кои ги вклучуваат корисничко име и лозинка доставени до корисникот.

Информации од корисниците

Корисникот се согласува во процесот при првична регистрација (и сите останати дополнителни регистрации) за користење на услугите на ДДКом, да доставува валидни и точни информации. Исто така се согласува дека доколку постои промена на информациите барани во регистрацијата, навремено ќе го извести ДДКом. 

Корисничка поддршка

ДДКом со цел да овозможи квалитетни услуги, доставува 24 часовна корисничка поддршка. Во работно време тимот за поддршка е достапен на е-мејл, тикет систем, телефон, онлајн чет (skype, live chat). Вон работно време тимот за поддршка е достапен преку е-мејл и тикет систем. На отворените барања за поддршка на е-маил или преку тикет системот одговорите се најдоцна 24 часа. Доставувањето на овој тип на поддршка е самоиницијативно и ДДКом не е задолжен истата да ја доставува 24 часовно.

Период на важност на услугите

По истекот на временскиот период за кој сте ги закупиле услугите на ДДКом, потребно е да го инфомирате ДДКом доколку сакате да го продолжите или откажете користењето на услугите. Плаќањето треба да се врши до или на денот кога тој рок истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, ДДКом има право да ги суспендира или откаже услугите доколку долгот не е подмирен. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци хостирани на серверите на ДДКом.

 

За било каква штета настаната во бизнис работењето на корисникот, поради моментално, делумно или целосно нефункционирање на услугите, ДДКом не презема никаква одговорност.

ДДКом го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на ДДКом, се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новодоставените услови.

 

Услови за регистрација и користење на .мк домени

Регистрацијата на македонските домени и поддомени (.mk или .com.mk или .net.mk ) може да трае и до 10 работни дена по извршената уплата.

ДДКом не ја гарантира валидноста на одредено домен име. Доколку од било која причина на денот на регистрација на името тоа не е слободно, ДДКом не презема одговорност и го информира клиентот дека соодветниот домен не е слободен за регистрација. Клиентот може да одбере друго домен име или пак во целост да му бидат рефундирани уплатените средства.

Датумот на истекот на доменот е заведен во системот на ДДКом. ДДКом по сопствена волја може да го известува клиентот одреден период пред истекот на доменот, односно да испраќа известувања пред истек се со цел клиентот да изврши навремена обнова на доменот. Клиентот е должен истиот да го обнови пред истекот на датумот. Во спротивно, истечениот домен се смета за невалиден и ДДКом нема никаква одговорност врз домен име со истечен датум на регистрација. ДДКом го задржува правото таквиот домен да го исклучи во секое време без претходни известувања со што корисникот го губи правото на сопственост врз истиот.

ДДКом не се смета за одговорен доколку поради технички или друг тип на проблеми со Македонскиот регистар (Марнет) е оневозможена функционалноста на македонските домени.

ДДКом го задржува правото да изврши промена на цената за регистрација и цената за обнова на домен името во било кое време без претходни известувања.

Во случај на приговор на трети лица или во случај на спор помеѓу трето лице и корисникот на доменот, кој произлегува од злоупотреба на домените опишано во претходните точки, ДДКом не се смета за одговорен према засегнатите страни во спорот, туку ги упатува на решавање на спорот.

Називот на доменот не смее да биде еднаков со заштитен жиг, име, бренд, трговска марка и сл., освен ако клиентот што сака да го регистрира доменот е сопственик на заштитниот жиг, име, бренд, трговска марка и сл. Називот на доменот не смее ниту да содржи имиња за кои според позитивните прописи во РМ е потребно одобрение од надлежен орган за употреба на тие имиња, освен во случаите кога тоа име е содржано во регистрираниот назив на фирмата на клиентот (доколку е правно лице) на доменот, односно клиентот.

Како регистрант на .mk домените регистрирани преку ДДКом, во Македонскиот регистрар фигурира ДДКом ДООЕЛ. По барање на клиентот може да се направи промена на сопственост на доменот. Оваа услуга се наплаќа според тарифата за „Трансфер на домен“ и ДДКом изготвува изјава за промена на сопственост која корисникот треба да се достави во Марнет.

 

Визија

Да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии. Повеќе...

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи.

Повеќе...

Контакт

 ул. Фрањо Клуз бр.2/1-4

 02 3 100 700

 info (@) ddcom.mk

Работно време:

Понеделник - Петок

09:00-17:00