|

Одлично решение за љубителите на .Net. Соодветни за ИТ стиденти, за тестирање на ВЕБ апликации со SQL датабази и брз напредок во работата со далечински сервери, како и за ВЕБ девелопери за поставување на посериозни апликации и веб сервиси. HELM контролниот панел овозможува едноставно менаџирање на вашата страница, преглед на посетеноста, креирање е-маил адреси и многу повеќе. И не заборавајте! Доколку имате проблем достапни сме 24/7/365.
Во сите планови е вклучен веб ориентираниот контролен панел HELM со кој многу едноставно можете да креирате поддомени, е-маил адреси, бази и други дополнителни операции. Во сите планови се вклучени НЕОГРАНИЧЕН број на е-маил адреси, MySql бази на податоци, поддомени, мејлинг листи, FTP конекции, e-mail forwarders.
Успешноста на компанијата поради што ја разликува од останатите хостинг компании е тоа што НЕ поддржува ОВЕРСЕЛ. Тоа е и една од главните причини за стабилноста на серверите.
Што е ОВЕРСЕЛ? (Hosting Overselling) претставува ситуација во која компанијата нуди хостинг планови кои се неодржливи ако еден од клиентите ги искористува целокупните ресурси (простор и трансфер на податоци) кои му се доделени, бидејќи истиот ограничен простор и трансфер на податоци го продава на повеќе различни корисници.
На пример, хостинг компанија која поседува сервер со 80 гигабајти простор може на 100 корисници да им продаде пакети со големина од 80 гигабајти, а Вие како нивен корисник да искористувате многу помалку од просторот кој ви е доделен во пакетот. Еден од главните проблеми кај ваквите сервери настанува кога неколку од корисниците реално ќе го искористат просторот и трансферот кој им е доделен при што доѓа до застој во работата на серверот. Исто така, овие сервери се карактеризираат со голема нестабилност затоа што имаат повеќе од 80% искористеност на процесорот и хард дискот Не дозволувајте и Вие да бидете залажани од компании коишто нудат пакети со ОГРОМЕН веб простор и месечен трансфер за ниски цени. На тој начин купувате пакети кои никогаш не ги искористувате.
Поради оваа причина ДДХост ги направи новите пакети од најмали за мали статични веб страници до големи пакети што поддржуваат датабази за динамични веб страници. Со ова ви овозможува да платите онолку колку што реално користите.
Покрај понудените пакети Ви нудиме и можност за формирање на пакети по ваша желба.
Цени од 900 денари годишно
Детално цени и пакети
|