|
Со самото користење на ДД-Ком хостинг услугите се подразбира дека се придржувате кон долунаведените услови за користење. Во спротивно ДД-Ком има право да ве исклучи без претходно известување и повеќе да не ви доставува услуги. Вие се согласувате дека во било кој случај нема да преземете никакви мерски према ДД-Ком
|
| Услови за користење на ДД-Ком хостинг услугите |
| |
| Ресурси на серверот |
|
Забранета е злоупотреба на серверските ресурси. Се мисли на cpu време, рам меморија и трансфер. Ова обично се случува од скрипти кои имаат намерни или ненамерни грешки во програмирањето. Доколку го приметиме ова на вашата страница ве известуваме за проблемот и доколку пролемот не е отстранет во рок од 12 часа ДД-Ком го задржува правото да ве исклучи.
|
| Спам |
| Забранет е секаков вид на спамирање |
| CGI Скрипти |
|
Сите скрипти со кои доведуваат до потенцијален сигурносен ризик на серверот, ги злоупотребуваат ресурсите на серверот, автоматски бидат исклучуени без претходна најава. ДД-Ком не дозволува делење на скрипти со домени што не се хостирани од ДД-Ком
|
| Chat |
|
ДД-Ком не дозволува корисниците да инсталираат нивни chat скрипти бидејки заземаат многу од серверските ресурси.
|
| IRC |
| Користење на ДД-Ком хостинг услугите за IRC е забрането |
| Порнографија |
|
Порнографски содржини се дозволени доколку ги задоволуваат условите за порнографија и не ги нарушуваат постоечките закони. Забранети се и линкови до страници кои не ги задоволуваат условите за порнографија. Доколку хостирате ваков матријал, вие автоматски станувате одговорни доколку биде покренета легална постапка од извесна личност.
|
| Стариници за симнување (download) |
|
Дозволено е да се истакнуваат програми, музика, филм за симнување само доколку вие сте автор и и сопственик на авторски права на истото.
|
| Материјал со авторски права |
|
Се забранува истакнување на било каков материјал кој прекршува авторски права (музика, филм... ) . Ваквите страници ќе бидат исклучени и суспендирани.
|
| Општа злоупотреба |
|
1. Било каков обид за нарушување на функционалноста на серверите
2. Веб страниците на корисниците кои дирекно навредуваат или објавуваат навредлива содржина е строго забрането. Ваквите корисници веднаш се исклучуваат и суспендираат.
|
| Backup на податоци |
|
Корисниците на услугите треба самостојно да прават backup и заштита на нивните податоци, датабази, е-маил пораки. ДД-Ком не гарантира за губење на вашите податоци. Има можност за враќање на изгубени податоци но тоа дополнително се наплаќа.
|
|