LiveZilla Live Help

Хостирање PDF Печати Е-пошта
DDHost - Join Us in the Cloud
ДДХост е една од првите хостинг компании во Македонија која  4 години успешно  работи на  нашиот пазар. ДДХост во саработка со неколку од 10-те најголемите  светски хостинг компании има за цел да ви овозможи безпрекорна функционалност на вашата веб страница. 

Хостинг серверите се лоцирани во Англија и Америка и нив ги одржуваат преку 260 вработени кои 24/7 часа се грижат за стабилноста на серверите и поддршката на нивните корисници. Според статистиката во декември 2009 на серверите се хостирани преку 2.200.000 домени, што значи дека вкупно се опслужуваат преку 2 милиони корисници.

Успешноста на компанијата поради што ја разликува од останатите хостинг компании е тоа што НЕ поддржува ОВЕРСЕЛ. Тоа е и една од главните причини за стабилноста на серверите.

Што е ОВЕРСЕЛ?  (Hosting Overselling) претставува ситуација во која компанијата нуди хостинг планови кои се неодржливи ако еден од клиентите ги искористува целокупните ресурси (простор и трансфер на податоци) кои му се доделени, бидејќи истиот ограничен простор и трансфер на податоци го продава на повеќе различни корисници.

На пример, хостинг компанија која поседува сервер со 80 гигабајти простор може на 100 корисници да им продаде пакети со големина од 80 гигабајти, а Вие како нивен корисник да искористувате многу помалку од просторот кој ви е доделен во пакетот. Еден од главните проблеми кај ваквите сервери  настанува кога неколку од корисниците реално ќе го искористат просторот и трансферот кој им е доделен при што доѓа до застој во работата на серверот. Исто така, овие сервери се карактеризираат со голема нестабилност затоа што имаат повеќе од 80% искористеност на процесорот и хард дискот.

Со развојот на технологијата и зголеменото побарување на хостинг ресурси ја воведовме новата Cloud Computing технологија.

Ја искористивме новата (cloud computing) технологија, за да го пречекориме ограничувањето на ресурси на еден сервер. Cloud Hosting и Cloud Computing е тренд во последниве неколку години. Веројатно не е првпат како слушате за овие термини. Тоа е технологија што до пред кратко време беше користена само од гигантите Google, Amazon, E-Bay...

Со зголемувањето на обемот на побарување, последниве години стана достапна и за помалите компании. Оваа технологија дозволува да споиме повеќе сервери, а клиентите да имаат представа дека работат на еден сервер. Со ова добивме можност реално да нудиме НЕОГРАНИЧЕН простор и месечен трансфер и секогаш кога има потреба од ресурси го надградуваме нашиот cloud server со дополнителен сервер компјутер. Освен еластичноста, голема предност кај оваа технологија е и флексибилноста при хардверски дефекти. Пример при хардверски дефект на еден од серверите во Cloud каскадата, целиот Cloud продолжува со работа додека се врши санирање на дефектот на серверот. Со ова Вие како клиент воопшто не ги приметувате ваквите дефекти. Со ова се зголемува uptime времето на серверите до 99.99%.

 
Повеќе Инфо

ДДКом

Нашата главна дејност е продажба на хардвер преку ефикасно организирана мрежа од дистрибутери, мали и големи компании и крајни потрошувачи. Во соработка  со речиси сите дистрибутери на ИТ опрема, на нашите потрошувачи секогаш им нудиме најголем избор на прозиводи по најдобри цени  Повеќе...

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи. Повеќе...

Визија

Да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да созададеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуиникациски технологии. Повеќе...

Работно време

Понеделник - Петок

10:00-18:00